Најмалку осум лица загинаа во судирите со Камбоџа денеска, соопшти тајландската полиција.
Вооружени судири избувнаа денеска меѓу Тајланд и Камбоџа на спорниот дел од нивната заедничка граница, соопштија двете страни, обвинувајќи се меѓусебно дека први нападнале по неколку недели тензии и дипломатски престрелки.
Најмалку 11 цивили се убиени во нападите на Камбоџа во Тајланд, соопшти тајландското Министерство за здравство, пренесува Си-ен-ен. Камбоџа сè уште не пријавила никакви жртви од своја страна, додека премиерот на Камбоџа го повика Советот за безбедност на Обединетите нации да свика „итен состанок“ за да „ја запре агресијата на Тајланд“, откако борбите се интензивираа меѓу соседите.