Годинава се одбележуваат 50-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Кина и ЕУ и 80-годишнината од основањето на Обединетите нации.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, придружувани од високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, од денеска до четврток ќе престојуваат во посета на Јапонија и Кина, во чии рамки ќе учествуваат на самитите меѓу ЕУ и двете земји.
Си Џинпинг денеска ги предупреди високите претставници на Европската Унија да „донесат правилни стратешки одлуки“ за време на самитот во Пекинг, додека врвните европски претставници ги истакнаа клучните позиции на ЕУ на самитот со кинеските лидери, нагласувајќи ја потребата од ребалансирање на билатералните односи и решавање на неколку спорни прашања.