Секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и шеф на украинската делегација на преговорите, Рустем Умеров, по состанокот изјави дека Украина продолжува да инсистира на целосен и безусловен прекин на огнот како неопходна основа за ефикасна дипломатија.
„Подготвени сме за прекин на огнот сега и за почеток на значајни мировни преговори. Faktor
Руската делегација на преговорите во Истанбул ја предводи помошникот на претседателот Владимир Медински, а украинската делегација ја предводи секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана, Рустем Умеров.
Преговорите минатиот пат се фокусираа првенствено на разни хуманитарни прашања, вклучително и размена на останките на паднатите војници и размена на затвореници. Netpress
Во Истанбул денеска се одржа третата рунда преговори меѓу делегациите на Русија и Украина, а главниот резултат од преговорите е договор за продолжување на размената на војници, но и цивили, пренесе Тас. Nezavisen