Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека Израел го добил одговорот на Хамас на неговиот предлог за прекин на огнот во Газа, прецизирајќи дека тој се разгледува.
Гардијан – Лондон Шефот на главната агенција на ОН што им служи на Палестинците изјави дека неговите вработени на првата линија паѓаат во несвест од глад, додека бројот на луѓе што умираат од глад во Газа продолжи да расте, а надежите за примирје избледеа поради пропаѓањето на преговорите.
Едно од пет деца во градот Газа страда од неисхранетост а бројот на овие случаи се зголемува секојдневно, предупреди агенцијата за Палестински бегалци на Обединетите Нации (УНРВА). Во изјавата која беше испратена денеска до медиумите, генералниот комесар на УНРВА, Филип Лазарини, цитираше и зборови од свој колега на теренот кој му рекол: „Луѓето во Газа не се ниту мртви, ниту живи, тие се живи мртовци“.