Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Вашингтон го отфрлил планот на францускиот претседател Емануел Макрон за признавање на палестинска држава, нарекувајќи го планот на Макрон „неодговорна одлука“.
Франција официјално ќе признае палестинска држава во септември, изјави францускиот претседател Емануел Макрон, што ќе ја направи првата земја од Г7 што ќе го стори тоа, објави Би-Би-Си. Во објава на X, Макрон рече дека формалното соопштение ќе биде објавено на седница на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Верен на својата историска посветеност на праведен и траен мир на Блискиот исток, одлучив Франција да ја признае државата Палестина – вака преку социјалните мрежи, францускиот претседател Макрон ја соопшти одлуката.