Камбоџа и Тајланд денеска упатија меѓусебни обвинувања дека другата страна започнала артилериски напади низ спорните гранични области рано утрово, неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека лидерите на двете земји се согласиле да работат на прекин на огнот.
Утрово повторно имаше борби долж границата меѓу Тајланд и Камбоџа, каде што долгогодишните тензии ескалираа во едни од најлошите насилства во последните години, принудувајќи над 100.000 луѓе да побегнат.
Камбоџа повика на итен и безусловен прекин на огнот во вооружениот судир со Тајланд, изјави нејзиниот постојан претставник во ОН, Кео Чеа, по синоќешната седница на Советот за безбедност во Њујорк, јави ДПА.
Конфликтот на границата помеѓу Камбоџа и Тајланд не стивнува, при што вкупниот број на жртви од двете страни достигна 33, информираа официјални лица од двете држави.