Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев ги обвини земјите од НАТО за повлекувањето на Русија од мораториумот за нуклеарни ракети со краток и среден дострел и рече дека Москва ќе преземе понатамошни чекори како одговор.
По изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека наредил две нуклеарни подморници да се доближат до руските води, следуваше брза и остра реакција од Москва.
„Навикнати сме на крвави нуклеарни закани од врвот на руската влада – но овој пат Доналд Трамп одговори многу јавно со поместување на две нуклеарни подморници поблиску до Русија.“ Ова го пишува рускиот експерт и поранешен конзервативен пратеник Боб Сили за британскиот Телеграф, објаснувајќи зошто рускиот претседател Владимир Путин е поподготвен за нуклеарна војна отколку што повеќето луѓе веруваат или сакаат да признаат, јавуваат медиумите во регионот.
Неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека, поради изјавите на Дмитриј Медведев, ќе испрати нуклеарни подморници поблиску до Русија, пристигна првата официјална реакција од Кремљ.Како што се очекуваше, прв се огласи портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, кој рече дека Путин бил запознаен со изјавите на Доналд Трамп.„Русија тргнува од фактот дека не може да има победник во нуклеарна војна“, рече Песков.Тој, исто така, истакнува дека треба да се биде особено внимателен со изјавите во врска со нуклеарното оружје.„Многу сме претпазливи со сите изјави поврзани со нуклеарните прашања.