Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба ја потврди посветеноста на Јапонија на своите долгогодишни принципи за неширење нуклеарно оружје и повтори дека неговата земја нема да поседува, произведува или дозволува нуклеарно оружје на своја територија, објавија јапонските медиуми.
Во Хирошима, западниот дел на Јапонија, денес беше одбележана 80-годишнината од фрлањето на првата атомска бомба врз градот – најсмртоносниот напад со нуклеарно оружје во историјата.
Во среда наутро во Јапонија се одржа тивка молитва по повод 80-годишнината од фрлањето на атомската бомба врз градот Хирошима од страна на САД.