Од: А1он Американскиот претседател Доналд Трамп, во своите напори да постигне мировен договор за Украина, е подготвен да употреби притисок и закани врз европските сојузници, изјави турскиот политиколог Енгин Озер, пренесува РИА Новости. А1он
Според него, прекин на огнот меѓу Русија и Украина ќе се постигне со посредство на САД, но не треба да се очекува самитот во Алјаска да донесе итно објавување за крај на војната.
Озер вели дека Трамп ќе го презентира конечниот текст на мировниот договор пред европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Американскиот претседател ќе им се закани на Европејците и ќе ги повика да извршат притисок врз Киев, а самиот процес ќе продолжи“, нагласи аналитичарот. А1он
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.