Republika
За жал, неретко сме сведоци или носители на товарот на прекумернo работно оптоварување, нејасни работни очекувања, несоодветна парична компензација на работата, работење во небезбедни и штетни по здравјето услови, мобинг и нарушени меѓучовечки односи, недостаток на социјална поддршка на работа.
Токму овие фактори на ризик се значајно асоцирани со нарушувања на менталното здравје манифестирани често преку синдромот на професионално согорување (burn out), како „состојба на витална исцрпеност” карактеризирана со замор, загуба на мотивација и енергија, негативен поглед кон работата, цинизам, намалена работна ефикасност, социјално повлекување и телесни симптоми, истакнуваат од Клиниката за психијатрија. Republika