Македонија е земја со една од најголемите преваленции на дијабетес во светот, како резултат на високиот степен на сите ризик фактори кои го предизвикуваат, како што се дебелината, лошите навики во исхраната и намалената физичка активност, посочи претседателката на Научното здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија, Татјана Миленковиќ, на вчерашнатапрес-конференција по повод Светскиот ден на дијабетесот.
Речиси половина од населението во земјава живее со зголемена телесна маса, има лоши навики во исхраната и намалена физичка активност, што се главни ризик фактори кои доведуваат до појава на дијабетес, а кога станува збор за оваа болест Македонија има една од најголемите преваленции во светски рамки.