Во целост е завршена монтажата и инсталирањето на системот за компримиран воздух на комплекс клиники „Мајка Тереза“-Скопје.
Монтирани и инсталирани се три компресори со потребната придружна опрема (резервоари, сепаратор, автоматски одвојувач на конденз електронски контролиран, циклонски сепаратор отстранување на влага и масло на излезен степен од компресор и друга опрема). Исто така, извршена е замена и монтажа на бакарен цевен развод, приклучни места; разводни ормани за компримиран воздух за снабдување на оперативниот блок од 12 сали и 2 сали на Клиниката за пластична хирургија, согласно европската фармакопеја, изработена согласно европската директива 93/42/EEC, информира Министерството за здравство.