Првообвинетиот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо, на почетокот на денешното рочиште, побара изземање на јавната обвинителка Жаклина Крстевска и целото ОЈО Скопје во случајот поради несоодветно спроведена истрага.
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, каде првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.
Од ОЈО во однос на денешното рочиште за убиствата на Вања и Панче велат дека на денешното рочиште нема да се врши распит на сведокот Гоце Трајковски.
На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски не бил повикан сведокот Гоце Трајковски, кој е осомничен за друго кривично дело и минатата недела се предаде на полицијата во полициска станица.