Андреј Ѓурчиновски (15) испиша историја со освојување на бронзен медал во категоријата „десетка“ на Европското првенство во билијард за играчи до 17 години, кое се одржува во Подчетртек, Словенија.
Андреј Ѓурчиновски, 15-годишно момче, член на БСК Гранклуб, играч кој пред пет години го прифати предизвикот, на посветеност, спортски пристап и секојдневни и повеќечасновни тренинзи, со правилна техничка надоградба и надзор, со безброј турнири стигна до медал од големите натпреварувања во билјард.