Кога влезе Исус во храмот, почна да ги пади оние, што продаваа и купуваа во храмот, и им ги преврти масите на менувачите и столовите на оние, што продаваа гулаби“ (Марко 11,15). Очистувањето на храмот покажува како Бог, односно како Спасителот наш Господ Исус Христос дошол во Својот храм, очекувајќи доброчинства, но не ги нашол, па се разгневил и Ги изгонил нечесните од храмот, а на крајот, кога излегувал од храмот, прорекол дека од него нема да остане ни камен на камен (Марко 13,1-2). Тоа значи дека исто како што се случило со смоквата која немала плодови, така се случило и со храмот, а така било и со целиот еврејски народ, така било со сите бесплодни луѓе, и затоа била изречена Божјата казна. Kanal5