Израел нападна цел во близина на претседателската палата во сирискиот главен град Дамаск, изјави рано наутро во петокот израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, повторувајќи го своето ветување дека ќе ги заштити Друзите во Сирија.
Израел вели дека неговите борбени авиони бомбардирале област веднаш до претседателската палата во главниот град на Сирија, Дамаск, додека премиерот Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе го заштити религиозното малцинство Друзи по деновите на смртоносно секташко насилство, објави Би-би-си. Нетанјаху рече дека нападот е „јасна порака до сирискиот режим“ дека Израел „нема да дозволи распоредување на сили јужно од Дамаск или каква било закана за заедницата Друзи“.