Најсветла точка кај Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски кој имаше девет гола, додека голманот Никола Митревски собра 13 одбрани.
Кај Динамо Букурешт, Миклош Роста погоди седум пати, пред Али Зеин со пет гола. Gol
Во групата А, Динамо Букурешт и Спортинг Лисабон како најголеми изненадувања имаат максимални три победи од три натпревари.
Пелистер во следното 4.коло на домашен терен го пречекува Спортинг на 9.октомври. Telma
Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер го претрпе и третиот пораз сезонава во Лигата на шампиони, откако вечерва загуби на гостувањето во Букурешт од Динамо со 25-34 во рамки на третото коло во групата А. Македонскиот шампион во текот на целиот натпревар беше во резултатска негатива која на полувремето изнесуваше (13-19), а во 38 минута и двоцифрени 16-26. Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски, а голманот Никола Митревски запиша 14 интервенции. Plusinfo
Кај Динамо Букурешт најефикасен беше Унгарецот Роста со седум гола.
Во вториот натпревар во групата, Фуксе Берлин триумфираше на гостувањето против Фредериција со 32-38. Ekipa