Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
23
5.07
15.47
7.42/0.57
23.00
5.25
0.23
1658.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 23
22 ■ 0.99/0.01 ■ 3 ■ 107.6
Best clustering variants
22 0.99/0.01 3 107.6
Ekipa

Ракометарите на двократниот европски шампион Вардар го забележаа и вториот пораз сезонава во Лигата на Европа, откако вечерва на домашен терен загубија од Порто со 22-26. Натпреварот почна со многу грешки на двете страни и изгубени топки, па по три минути игра на семафорот се уште стоеја почетните 0-0. Првиот гол во натпреварот го постигна Гоце Георгиевски на стартот на четвртата минута за почетно водство на македонскиот вицешампион (1-0). Во следниот период повторно големиот број грешки беа главниот проблем на вардарци, па со голот на Веитија во 10. минута гостинот за првпат стигна до два гола предност (3-5). Вардар продолжи да промашува зицери во нападот, па откако Порто поведе и со плус три (3-6) во 14. минута, Владо Недановски мораше да интервенира со прв тајм-аут.

Минутата пауза и тоа како резултираше, бидејќи по тајмаутот „црвено-црните“ направија серија од 4-0 со која повторно стигнаа до водство (7-6). До крајот на првиот дел иако имаше резултатска клацкалка, домашниот тим успеа на пауза да замине со позитива од два гола (12-10). Гостите подобро го отворија мечот и по само три минути игра успеаја да ја ануилираат негативата од првиот дел (12-12). Во следниот период се играше гол за гол, а по 42 минути резултатот на семафорот изнесуваше 16-16. Порто буквално со истата акција преку десно крило го наоѓаше патот кон голот на Вардар во следниот период, па по подолго време Португалаците повторно стигнаа до плус два (17-19) во 48 .минута. Ekipa