Каталонскиот гигант Барселона продолжи со одличните настапи во Лигата на шампиони (ЛШ) и ја запиша третата победа по ред, откако ја надигра Црвена Звезда во Белград со 5-2, додека Интер го доби дербито против Арсенал со 1-0, а ПСЖ и Атлетико Мадрид ремизираа (1-1) на „Паркот на принцовите“.
Иниго Мартинез по еден прекин се најде на вистинско место и погоди за предност од 1-0 во 13. минута, но набрзо Силас од првата шанса на Ц. Звезда израмни на 1-1. Голот на Силас ги налути гостите од Каталонија кои потоа двапати погодиј преку Роберт Левандовски, а потоа стрелаа и Рафиња и Лопез.