Денес одбележуваме важен јубилеј, одбележуваме 80 години од ослободувањето на нашето Скопје – момент кој значи не само ослободување од тешкото бреме на војната, туку и почеток на самостојност, независност и непрекината борба за подобро утре, се истакнува во соопштението од Град Скопје по повод денот на ослободувањето на Скопје.
Со положување цвеќе пред споменикот на ослободителите на градот и на партизанските гробишта денеска беа одбележани 80 години од ослободувањето на Скопје.