По уште една блескава партија пред домашната публика во Торино, Јаник Синер ќе има можност да ја потврди својата неверојатна сезона со уште една титула, осма во 2024 година.
Во полуфиналето на последниот овогодишен Мастерс, Синер го декласираше Каспер Руд со 2-0, во сетови 6-1, 6-2. Синер својата доминација ја потврди со дури 23 винери и 9 неизнудени грешки, а односот на Руд беше 10-14. Во големото финале, в недела од 18.00 часот, Синер ќе се бори за титулата со Тејлор Фриц.