Екипата на Чаир се пласираше во осминафиналето од ЕХФ-купот откако македонскиот претставник и во двете средби беше подобар од португалската екипа Колехио де Гаја.
Во договор на тимовите и двете средби се играа во салата „Автокоманда“ во Скопје, чаирчани вчера важеа за гости и триумфираа со 25-29, за денеска уште еднаш да потврдат дека се поквалитетен противник од Португалките и да триумфираат со 28-26. Клучната предност беше направена во првиот дел во кој Чаир одигра одлична одбрана и на одмор замина со 13-9. Доминацијата продолжи, македонската екипа за момент имаше и осум гола предност (24-16), за на крајот да слави со конечните „плус два“, сосема доволни за пласман во осминафиналето.