Жорге Мартин од Шпанија е новиот првка во Мото ГП шампионатот откако успеа да ја одбрани предноста што ја имаше во однос на бранителот на трофејот, Италијанецот Пеко Бањаја во пресрет на денешната трка што се возеше на патеката Каталуња крај Барселона.
Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин, е нов шампион во Мото ГП, откако на денешната трка за Големата награда на Барселона заврши на третото место, со што ги осигура потребните бодови за титулата, која за првпат ја освои во својата кариера.