Битола, градот кој ја воспостави графиката како свој културен амблем, вечерва повторно го слави овој универзален јазик преку една уникатна изложба која спојува две уметнички епохи и двајца генијални творци – Ранко Струмениковски и Леонард Готлиб.
Вечерва, во 18:00 часот, во Галеријата, музејот и ателјето на Ранко Струмениковски, ќе биде претставена изложбата на делата на светски познатиот аргентински графичар Леонард Готлиб, добитник на Гран При на Меѓународното графичко триенале во Битола.