Еурофарм Пелистер од самиот почеток на дуелот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола беше во резултатска негатива која на полувремето изнесуваше 13-16, но многу поангажирано го отвори вториот дел и откако во 45 минута го израмни резултатот (22-22), две минути подоцна капитенот Филип Кузмановски му донесе и прво водство на битолскиот тим (24-23). Натпреварот влезе резултатски израмнет во последната минута (29-29), но Еурофарм Пелистер не успеа да го реализира завршниот напад и со тоа втор пат за три недели да го совлада данскиот вицепрвак. Republika