Основното јавно обвинителство Тетово поведе истражна постапка за 51-годишник од Непроштено, вработен како виш оперативен работник во МВР, кој во својот дом и во уште една куќа во негова сопственост неовластено чувал огнено оружје, муниција и експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети.
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело- Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 од Кривичниот законик.