Чичкото на славниот Рафаел Надал, Тони, за шпанските медиуми изјави дека воопшто не е задоволен од начинот на кој неговиот внук се збогуваше со активното играње тенис и смета дека треба да се организира специјален меч во негова чест.
Покрај тениската фела, за кариерата на Рафа Надал со воодушевување зборува и фудбалската, посебна шпанските асови кои се горди на својот сограѓанин кој блесна со 22 Гренд Слем титули, 36 Мастерси, 2 олимписки злата или вкупно 92 шампионски титули.