Светскиот тениски рекет број еден Јаник Синер му помогна на бранителот на титулата Италија да се пласира во полуфиналето на екипниот тениски турнир Дејвис куп, неофицијалното светско екипно првенство за мажи, кое се одржува во Малага, Шпанија.
Синер го доби својот сингл натпревар, а потоа забележа успех во двојки и ја предводеше Италија до победа од 2-1 над Аргентина во четвртфиналниот судир на натпреварувањето.
Тениската репрезентација на Италија се пласира во полуфиналето на Дејвис Купот, а најзаслужен за тоа беше првиот тенисер во светот, Јаник Синер. Alsat
Италијанците триумфираа со 2-1 во четвртфиналето во Малага против Аргентина.
Најпрво поен за Аргентинците освои Франциско Серундоло со победата против Лоренцо Музети (6-4 и 6-1), а потоа Синер го декласира Себастијан Баес со 6-2 и 6-1. Патникот во полуфинале се решаваше со дуелот во двојки, каде што Синер повторно се појави на теренот, иако не требаше да игра на мечот, па заедно со Матео Беретини ги нокаутира Максимо Гонзалес и Андрес Молтени. Sport1
На играчот број еден во светот му беа потребни 74 минути за да победи со резултат 6-2, 6-1. И сè беше решено во двојки, во кои Јаник Синер, неполни половина час по сингл мечот, играше за Италија со Матео Беретини, против Максимо Гонзалез и Андрес Молтени.
Во тензичен меч, Италијанците на крајот успеаја да победат во два сета (6-4, 7-5) и во полуфиналето ќе играат против Австралија. Gol
Автобускиот сообраќај во Скопје денеска е нормализиран, потврди за МИА директорот на ЈСП „Скопје“, Драги Кушовски.
Валериј Залужни, украинскиот амбасадор во Велика Британија и поранешен врховен командант на вооружените сили на Украина, смета дека директното учество на автократските сојузници на Русија во војната против Украина укажува дека Третата светска војна веќе започнала.
Украинскиот амбасадор во Велика Британија и поранешен врховен командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, смета дека директното учество на автократските сојузници на Русија во војната против Украина укажува дека Третата светска војна веќе започнала.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан, чија земја претседава со Европската унија, денеска изјави дека ќе го покани израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја посети Унгарија откако Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за негово апсење.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека ќе го покани израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја посети Унгарија.
Нафтата од државните резерви е на пат кон базните станици на Јавното сообраќајно претпријатие и се очекува утре изутрина да има нормализиран автобускиот превоз во Скопје, најави пред вонредната седница на Советот на Градот Скопје советникот од ВМРО-ДПМНЕ Мартин Стојановски.
Владата се вклучува во решавање на проблемот со јавниот превоз, дознава „360 степени“ од владини извори.
Од државното Јавно обвинителство денеска соопштија дека ги следат сите информации во врска со јавниот превоз во Скопје и дека веќе се дадени насоки на Управата за финансиска полиција да ги испита постапките за јавни набавки на мазут за потребите на ЈСП.
Во Скопје попладнево сообраќаат само 25 автобуси, а останатите се паркирани во автобазите на ЈСП „Скопје“ во Автокоманда и Ѓорче Петров поради недостиг на гориво.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка по повод 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Перу, со седиште во Букурешт, Феликс Рикардо Денегри Боса.