Во 75 сезони на Формула 1, вкупно 783 возачи излегоа на стартната линија, 115 победија барем во една трка и 34 ја освоија титулата, но само шестмина станаа шампиони најмалку четири пати, Шумахер и Хамилтон имаат по седум, Фанџо пет, а Прост, Фетел и Ферстапен по четири Макс Ферстапен се најде на најзначајните статистички табели во Формула 1 во претходните години и, со освојувањето на четвртата титула светски првак, му се приклучи на еден од ексклузивните клубови во историјата. Novamakedonija