Советот за безбедност на Косово (СБК) рано утрово одржа вонредна седница, по синоќешната експлозија во која беше оштетен водоводниот канал Ибар-Лепенец, од каде со вода од Ујманското Езеро се снабдуваат повеќе градови во државата, како и Енергетската корпорација на Косово за ладење на нејзините термоелектрани, јави дописникот на МИА од Приштина.
Најголемата партија на косовските Срби, Српка листа (СЛ) соопшти дека синоќешната експлозија во каналот Ибар-Лепенец во близина на Зубин Поток во северно Косово е против интересите на српскиот народ, јави дописникот на МИА од Приштина.
Силна експлозија се случи синоќа во селото Варага во Зубин Поток, северно Косово, од која е оштетен водоснабдувачкиот систем Ибар-Лепенец во тој регион, јави дописникот на МИА од Приштина.
Силна експлозија се случи синоќа во селото Варага во Зубин Поток, северно Косово, од која е оштетен каналот за вода Ибар-Лепенец.