Утрово, во 1.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат за Средно Водно, патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.П.(22) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Nezavisen
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопшти МВР. Republika