Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на критиките од страна на претседателот на опозицијата Венко Филипче за банкарските кредити за стопанството, изјави дека понекогаш се чуди на изјавите од опозицијата.
Во седиштето на СДСМ вечерва седница ќе одржи новоизбраниот Централен одбор на партијата, а според најавите на лидерот на партијата, ќе биде избран новиот Извршен одбор и потпретседателите на партијата.
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека речиси сите банки прифатиле да ги исплатат парите од унгарскиот кредит за компаниите.
Изјавите на Христијан Мицкоски, кој е очигледно разочаран од консолидацијата на СДСМ, се уште еден доказ за неговата лицемерна политика и стравот од силната опозиција која ја предводи нашата партија.