Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
15
51.29
31.35
2.45/2.28
15.00
7.53
0.50
1432.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 15
12 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 998.6
Best clustering variants
12 0.99/0.01 2 998.6
13:07 h 27-Nov-2024
  • Во Македонскиот народен театар вчеравечер се одржа свечен настан по повод одбележувањето на значајниот јубилеј – 30 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу РС Македонија и Јапонија.
  • ◉ 30 години дипломатски односи меѓу Македонија и Јапонија: Македонија ќе учествува на „ЕКСПО ОСАКА 2025“ со проектот на Кензо Танге за реконструкција на Скопје по земјотресот во 1963 година
19:26 h 26-Nov-2024
  • Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и комесарот за културни врски на Јапонија, Шуничи Токура, кој е во дводневна работна посета на нашата држава, вечер во 18:00 часот во Македонскиот народен театар ќе присуствуваат на концерт на Оркестарот за џез-музика на РС Македонија.
  • Концерт во МНТ во чест на 30 години билатерални македонско-јапонски односи
11:26 h
  • Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Владатаоствари билатерална средба со комесарот за културни врски на Јапонија, Шуничи Токура, кој е во дводневна работна посета на нашата држава.
  • Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура
16:29 h 25-Nov-2024
  • Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, утре (26 ноември) во Владата ќе оствари билатерална средба со комесарот за културни врски на Јапонија, Шуничи Токура, кој ќе престојува во дводневна работна посета на нашата држава.
  • Македонија и Јапонија ќе потпишат Меморандум за соработка во областа на културата
Kanal5

Упатувајќи благодарност за целокупната јапонска помош за нашата држава преку различни донации, грантови и проекти што го стимулираат нашиот економски, социјален и културен развој, министерот Љутков изрази уверување дека и во иднина ќе се реализираат уште многу иницијативи и проекти кои ќе ги унапредат нашите односи.

На средбата, министерот Љутков го запозна комесарот Токура и со претстојното претставување на нашата држава во рамките на EXPO OSAKA 2025 година, каде што во чест на одбележувањето на 60-годишнината од проектот на големиот Кензо Танге за реконструкција на централното подрачје на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во Јапонија ќе биде презентирана и изложбена поставка која ќе ги претстави особеностите на овој проект, а ќе има и други значајни програмски содржини, настапи на нашите реномирани уметници. Kanal5

Nezavisen

Пред присутните гости, дипломатскиот кор, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и комесарот за културна соработка на Јапонија, Шуничи Токура, се обрати министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој изрази уверување дека и во иднина, низ заеднички дијалог и соработка, ќе работиме на континуитетот и желбата заеднички да ја градиме понатамошната културна соработка меѓу РС Македонија и Јапонија.

„Комесарот Токура, од земјата на изгрејсонцето, денес е драг гостин во земјата на сонцето, меѓу пријатели, меѓу свои, меѓу луѓе што исклучително високо ја ценат и ја вреднуваат јапонската култура“, рече министерот Љутков, изразувајќи благодарност за донациите во културата од Јапонија, кои се знак на пријателство и се драгоцен придонес за развој на македонската култура и зацврстување на меѓусебните односи. Nezavisen

Skopjeinfo

Во изјавата за медиумите, министерот Љутков посетата на јапонскиот комесар за култура ја оцени како историска, бидејќи, како што нагласи, сите наши заложби за продлабочување на блиските и пријателски односи со Јапонија, во оваа година кога се одбележува 30-годишнината од воспоставувањето на билатералните односи, се материјализираат со потпишувањето на Меморандумот за културна соработка.

Министерот за култура и туризам изрази очекување дека директната комуникација ќе овозможи реципрочни гостувања на ансамбли и репродуктивни уметници од музичко-сценската и театарската дејност, соработка меѓу музеите, галериите и уметничките центри, како и размена на искуства во управувањето на локалитетите кои се впишани на Листата на светското наследство на УНЕСКО, со оглед на тоа што Јапонија има впишано вкупно 26 локалитети. Skopjeinfo

Republika

Министерот за култура и туризам изрази очекување дека директната комуникација ќе овозможи реципрочни гостувања на ансамбли и репродуктивни уметници од музичко-сценската и театарската дејност, соработка меѓу музеите, галериите и уметничките центри, како и размена на искуства во управувањето на локалитетите кои се впишани на Листата на светското наследство на УНЕСКО, со оглед на тоа што Јапонија има впишано вкупно 26 локалитети.

Љутков ја нагласи можноста за соработка и во филмската дејност, имајќи го предвид фактот дека во Токио секоја година се одржува големиот филмски фестивал чиј еден од програмските директори е и Андријана Цветковиќ, на која ѝ упати благодарност за нејзиниот целокупен ангажман во реализацијата на оваа посета, но и за нејзиниот влог во градењето на односите меѓу двете држави, како прв резидентен амбасадор во Јапонија. Republika

Skopjeinfo

„Искрено сметам дека токму ова се навистина гестови на меѓусебна доверба и пријателство кои и во иднина очекуваме да се надградуваат и дополнително да ги зацврствуваат културните врски што постојат меѓу нашите две пријателски земји“, рече министерот Љутков на свеченоста во МНТ.

По повод 30-годишнината од дипломатските односи меѓу двете земји, гостите ги поздравија комесарот за културна соработка на Јапонија, Шуничи Токура, јапонскиот амбасадор Оцака Казуја и заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, кои ги подвлекоа исклучително добрите билатерални односи, поддршката што Јапонија ја дава на Македонија како еден од најголемите донатори, а беше истакнато и македонско-јапонското пријателство кое има цврст темел и кое во иднина уште повеќе ќе се продлабочува. Skopjeinfo