Тој на средбата ѝ укажал на Сиљановска-Давкова дека треба да реагира за работи од нејзина надлежност, пред сè, како што рече, за партизацијата во дел од безбедносните структури.
Укажал и на ризикот од спојување на двете безбедносни агенции – Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање. Fokus
„Затоа сметаме и затоа реагираме дека треба да се запре партизацијата, што во овој момент се случува во Агенцијата за национална безбедност и дополнително сметаме дека обединувањето на агенциите од две во една навистина ќе направи една гломазна институција којашто тешко може да се контролира.
Тоа и го укажав на претседателката денеска. Kajgana
Како што соопштија од СДСМ, средбата ќе биде во Кабинетот на претседателката во Вила Водно со почеток во 15 часот.
По средбата, најавена е изјава за медиуми на лидерот на СДСМ. Press24
Денеска ќе се одржи работна средба помеѓу претседателот на СДСМ, Венко Филипче и Претседателката на државата, Гордана Сиљановска – Давкова, извести СДСМ.
Средбата ќе биде во Кабинетот на Претседателката на Република Северна Македонија (Вила Водно) со почеток во 15.00 часот. Libertas
Мислења за општествениот амбиент, со посебен акцент на политичките и безбедносните состојби, биле разменети на денешната средба на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со Венко Филипче, претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и претседател на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието. Telma
Во својство на претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче ја нагласи потребата од активна соработка на Советот со Владата во функција на спроведување на Планот за раст и Реформската агенда.
Претседателката го информираше за нејзиното видување на евроинтеграцијата и можните решенија за отпочнување на преговорите со Европската Унија. Skopjeinfo
Во разговорот Венко Филипче ја информираше претседателката за актуелните партиски промени врзани за изборот и конституирањето на новите партиски органи и функционери.
Во својство на претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче ја нагласи потребата од активна соработка на Советот со Владата во функција на спроведување на Планот за раст и Реформската агенда. Mk
Со оглед на фактот што станува збор за средба меѓу претседател на држава и претседател на опозицијата, јас не би можела да изнесувам ставови во аспект на Влада, се надевам дека ќе имаат конструктивен разговор за насоките во кои што ќе се делува во иднина, изјави портпаролот на Владата, Марија Митева, прашана за став околу денешната средба на Претседателката Гордана Сиљановска Давкова со лидерот на СДСМ Венко Филипче. Biznisvesti
За кредитот од Унгарија сè уште има многу отворени прашања и не е точно дека е со историски најниска камата, посочи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање по завршување на средбата со претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова. Press24