Како што Германија и беше „спонзор“ на Хрватска во нејзиното членство во ЕУ, а сега Италија и е на Албанија, Реслер смета дека Хрватска може да биде државата којашто ќе може да го поттурне пристапувањето на државава во ЕУ. -Независно од тоа каква беше ситуацијата и кога Хрватска пристапуваше кон ЕУ, јасно е дека Хрватска е држава која е пријателски расположена према Северна Македонија, која можеби најдобро може да ја разбере и фрустрацијата, но и потешкотиите коишто произлегуваат од практично 20 години различни блокади, различни политички недоразбирања или судири и дека може, како што и сега работи со премиерот Андреј Пленковиќ да биде една од оние држави-членки на ЕУ која ќе се залага за разумно, но исто така ќе се залага и за сфаќањето дека пристапувањето на Северна Македонија е од интерес не само за југоистокот на Европа, не само во интерес на Хрватска, туку е навистина и во интерес на целата ЕУ, истакна Кеслер.