Домаќините почнаа фуриозно и брзо стигнаа до водство од 5-0. Македонскиот шампион својот прв гол го постигна дури во шестата минута од мечот, преку српскиот интернационалец Богдан Радивојевиќ (5-1). Во следниот период унгарскиот гигант ја држеше предноста од пет гола, па по десет минути игра резултатот на семафорот изнесуваше 8-3. Веспрем продолжи да го полни голот на нашиот шампион, а во 24. минута со голот на рускиот интернационалец Косоротов, Унгарците за првпат стигнаа до двоцифрена предност 17-7. Домаќините во еден момент имаа и највисоки плус 11, а пелистерци до крајот на првиот дел сепак успеаја да ја намалат негативата на 20-11. Радивојевиќ и Кузмановски со по три гола беа први имиња во нашиот табор, додека кај домаќинот Косоротов постигна шест гола. Ekipa