Архитектонскиот факултет – Скопје денеска одбележа 75 години од формирањето.
Како што информираат од Архитектонскиот факултет, значајниот јубилеј се одбележал со свечена конференција во амфитеатарот на факултетот на која присуствувале поранешни и сегашни професори, врвни професионалци во дејноста, значајни гости и соработници од земјава и светот, кои заеднички се осврнале на најзначајните моменти од долгата и богата историја на факултетот и постигнувањата, како и на идните планови за развој. Nezavisen
Десет години подоцна, во 1975 година, Архитектонскиот факултет се издвои како посебен факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и така функционира до денес.
Оваа високообразовна установа во изминатите 75 години е јадрото од кое произлегле најзначајните стручни кадри од областа на архитектурата и урбанизмот и нивните сродни дејности, кои се движечката сила во изградбата на нашето општество, но и установа која ги поставува стандардите на работење и едукација во оваа сфера. Biznisvesti