Поранешниот македонски премиер Зоран Заев е единствениот жив политичар од Балканот кого поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, експлицитно го споменува во своите меморари, пишува германскиот новинар Михаел Мартенс од Frankfurter Allgemeine Zeitung во објава на X. Меркел го опишала поранешниот премиер како храбар и решителен, открива новинарот додавајќи дека таа не ги спомнува ниту српскиот претседател Александар Вучиќ, ниту премиерот на Албанија, Еди Рама, ниту Бојко Борисов, ниту поранешниот српски претседател Борис Тадиќ.
Мемоарите на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел“ се главен политички хит овие денови во светската јавност.