Бугарскиот патријарх г.г. Даниил испрати писмо со сочувство до архиепископот на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, за упокојувањето на митрополитот Дебарско-кичевски од МПЦ-ОА, г. Тимотеј.
Во писмото со сочувство, покрај зборовите на уважување, почит и утеха за упокоениот митрополит г. Тимотеј, се наведува: „Во овие тешки моменти за Вас и за целата Православна црква на Северна Македонија…“. Претходно, во адресирањето на писмото со сочувство од БПЦ, т.е. од патријархот Даниил, архиепископот на МПЦ-ОА се нарекува „Неговото Блаженство Северно-Македонскиот Архиепископ Стефан“. Plusinfo