Државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година во областа на воспитанието и образованието ќе ја добие универзитетската професорка Маја Бојаџиевска, а во областа на културата и уметноста – писателот Милован Стефановски, сликарот Мирослав Масин и актерот Рефет Абази.
Државната награда „Св. Климент Охридски“ е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина.