Најмногу време на денешната седница, Судскиот совет потроши на разгледувањето на добиените над педесетина претставки за работата на судиите и судовите во државата, при што најголем дел од нив беа одбиени како неосновани или, пак, Советот оцени дека не е надлежен за донесување одлука.
Членовите на Судскиот совет го усвоија и барањето за надомест на патните трошоци на судијка од Основниот суд во Штип, која со решение на Советот времено е упатена на работа во Основниот суд во Берово. Mk