Околу уставните измени за кои многу се зборува веднаш ќе кажам никаков проблем нема во преамбулата да се внесат и Црногорците.
Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска од Подгорица, каде е во официјална посета коментирајќи ја вчерашната изјава на новоизбраната еврокомесарка за проширување Марта Кос истакна дека и забележува на дикцијата во однос на очекувањата за уставните измени и додаде дека едно е да се укаже или препорача, но да се каже дека мора значи премногу бирократско перцепирање на Европската Унија.
Откако вчера новата еврокомесарка за проширување Марта Кос во изјава за медиумите го повтори својот став за С Македонија, велејќи дека од земјава очекува промена на Уставот за вклучување на Бугарите – ништо повеќе и ништо помалку, денеска македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова рече дека и забележува на дикцијата во однос на очекувањата за уставните измени.
Македонија и Црна Гора имаат исклучително добри односи и немаат отворени прашања.