Главната опозициска партија во Јужна Кореја, Демократската партија денеска ќе поднесе барање за импичмент на привремениот претседател Хан Дак су, кој истовремено е и премиер, пренесува Би-би-си. Партијата соопшти дека гласањето за импичмент треба да се одржи утре.
Меѓу тековните политички превирања во Јужна Кореја, најголемата опозициска партија во земјата се обидува да започне постапка за отповикување на премиерот Хан Док-су, откако претседателот на земјата беше отповикан претходно овој месец.