Театарите во земјава по примерот на фестивалите првпат однапред ќе добиваат одредена сума на буџет, со кој ќе ги реализираат своите програми, а потоа на крајот на годината Министерство за култура и туризам и со нивните тимови ќе вршат евалуација на проектите кои се изработени, колку карти се продадени, на колку фестивали бил театарот, колку успеси има постигнато, што направиле со средствата во дадената институција.
Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, кој од 2004 година заедно со останатите театари во земјава со одлука на тогашната Влада бил пререгистриран во НУ Центар за култура со што ја изгубил својата примарна дејност театар, со решение од министерот за култура и туризам Зоран Љутков од денеска си го врати стариот статут и име НУ Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес.