Изралеската војска потврди дека првите три заложнички шти го ослободи Хамас се префрлени од Газа во Израел.
Почетокот на примирјето меѓу Израел и палестинското движење Хамас во Газа, кој требаше да започне во 8:30 часот (по локално време), е одложен откако Хамас не ги соопшти имињата на заложниците кои ќе бидат ослободени, изјави портпаролот на израелските вооружени сили, Даниел Хагари, цитиран од светските агенции.
Коалициската влада на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа по полноќ го одобри договорот за прекин на огнот со Хамас и ослободување на заложниците држени во Појасот Газа во замена за палестинските затвореници.
Израелскиот безбедносен кабинет го ратификуваше договорот за прекин на огнот кој предвидува размена на десетици заложници кои Хамас ги држеше за Палестинците во израелските затвори и привремена суспензија на 15-месечната војна во првите шест недели.