Со голот на Лука Карабатиќ постигнат пред самиот звук на сирената, репрезентацијата на Франција го победи Египет со 34:33, синоќа, во второто полуфинале на Светското ракометно првенство.
Првото полувреме во „Арена Загреб“ помина во изедначена игра се до самиот финиш кога Франција направи предност од четири гола (18:14). На почетокот на вториот дел фаворитот во два наврата имаше и плус пет, но Египет не се предаваше и постепено се приближуваше за во финишот да се влезе со резултатска рамнотежа.