Три лица се уапсени во текот на вчерашниот ден под сомнеж дека организираат борби со кучиња, соопшти Министерството за внатрешни работи.
На 27.02.2025 во 16.00 часот во с. Долно Палчиште, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.М.(18) од с. Горно Палчиште, С.У.(50) од с. Долно Палчиште и Ј.И.(43) од прилепското село Дебреште, постапувајќи по претходна пријава дека организирале борба со кучиња.