Ние сме посветени како држава на градење на цврсто партнерство и потврда за македонско турското пријателство на економски, политички и културен план, нагласи попладнево премиерот Христијан Мицксоки, кој е на прва официјална посета на Турција.
Потпишувањето на политичката декларација за основање на совет за соработка на високо ниво помеѓу Турција и Северна Македонија е многу значаен чекор со кој ние можеме да ги подигнеме на уште повисоко ниво односите меѓу нашите две земји во трговијата и економијата…Се надевам дека ќе присуствувам на првата седница на советот што ќе се одржи во Скоје, истакна претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски по потпишувањето на декларацијата.
Денеска остварив средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на која ја потврдивме нашата заедничка посветеност за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете земји, напиша премиерот Христијан Мицкоски, на неговиот Фејсбук профил.
Премиерот Христијан Мицкоски денес беше примен во резидентната палата на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.