Ракометарите на Е. Пелистер, со пораз ја завршија сезоната во Лигата на шампионите, во мечот за престиж синоќа во Битола кој заврши со победа на француски ПСЖ од 26-35. Но, по мечот тренерот Раул Алонсо истакна дека е горд на играчите за се демонстрирано оваа сезона, но и на цела Битола од која се чувствувала поддршката за тимот низ целата сезона.
Ракометарите на Е. Пелистер вечерва во 20.45 часот во Битола го пречекуваат ПСЖ во рамките од последното коло од групната фаза во Лигата на Шампионите, меч што нема да има преголемо резултатско значење за македонскиот првак ако се знае дека „пелистерци“ не успеаја да излезат како победници во трката со Висла за место кое води во нокаут фазата од елитното европско натпреварување.