Судиите им дојдоа на помош на гостите, не досудувајќи два очигледни пенала за Македонија за нецела минута, по што на спротивната страна тензија дополнително крена директниот црвен картон што го доби Карасманакис, по што Влах од пенал намали на 11-8. Кузмановски даде важен гол со играч помалку, но дојде до криза во нашата игра што противникот го искористи за да намали на два гола разлика (13-11, 25. минута). Серафимов од седум метри ја прекина мини-серијата на Словенија, разликата се движеше меѓу два и три гола, за Словенците на самиот крај од полувремето да намалат на 16-15. Почетокот од второто полувреме донесе израмнета игра, но судиите од БиХ повторно стапија на сцена со неколку недосудени груби прекршоци на гостите, помагајќи Словенија во 38. минута да стигне до своето прво водство (18-19). При 19-20 Лазаров го уфрли Кизиќ на голот на местото на Митревски, но Словенците се полесно реализираа, по што Лазаров беше принуден да побара тајмаут при првата негатива од два гола (20-22). Публиката се разбуди и даде поддршка, Митев веднаш даде гол, но Словенија продолжи да доминира, зголемувајќи го водството на 21-24, резултат при кој Џонов не реализираше контранапад. Ekipa